„Види музика – слушни слика – добиј книга!“ во Градски парк

Од:

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар вечер ја организираат шестата мултимедијална манифестација „Види музика – слушни слика – добиј книга!“ во Градскиот парк.

На концертот, насловен „Disco fever“, оркестарот под водство на британскиот диригент Тимоти Редмонд, ќе ги изведе најголемите диско-хитови од 1970-тите и 1980-тите години, кои моќно ќе прозвучат во нивните симфониски аранжмани.

– Изборот на музиката падна врз повеќе незаборавни музички нумери кои се добро познати на сите генерации и кои ветуваат спектакуларно музичко доживување.

– Спектаклот ќе го надополнат ликовните перформанси на академските сликари, браќата Емил и Тони Шулајковски, кои ќе  сликаат на платна со огромни димензии: 10 на 3 метри, со повеќе големи четки, десетици литри маслени и акварелни бои, што несомнено, како и секоја година, ќе претставува вистинско ликовно празнување за вљубениците во ликовната уметност, соопшти Филхармонијата.

И оваа година посетителите ќе добијат книга, ќе бидат поделени 20.000  примероци од   збирката песни „Еден ден ќе се сретнеме“ на Никола Маџиров. Се работи за избор од досега необјавени песни, како и  песни од поетските збирки „Заклучени во градот“, „Некаде никаде“, „Асфалт, но небо“ и „Преместен камен“.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска