(ВИДЕО) Заев: Одлуката за распределба на средства во културата ќе биде поништена, повторно ќе се отворат постапките

Од:

Премиерот Зоран Заев, пред одржувањето на вчерашната трибина со граѓаните на Иловица и Штука, даде изјава за медиумите, во која одговарајќи на новинарско прашање, кое се однесуваше на распределбата на средствата за култура, тој одговори дека одлуката за распределба на средствата ќе биде поништена и дека повторно ќе се отворат постапките.

„Смешно и трагично е, кога ќе кажам дека ниеден документ нема доставено Џез фестивалот. Ниеден документ, го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се. Секако, нема да навлегувам во суштината на реакциите. Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена, освен за Националните институции каде што нема реакции, тоа се домовите на културата, каде се направени фер распределби. Но сите други апликанти, одлуката ќе биде поништена и ќе биде повторно донесена. Законот дава можност во итни, неодложни случаи, можеби во март има некој фестивал, можеби во април, на транспарентен начин. Да не заборавиме, рековме ќе ги слушаме граѓаните. Граѓаните реагираа, имаат аргументи и од Министерството за култура, Комисијата за култура, но имаат и граѓаните“, рече Заев.

Премиерот додава дека поради ова уште потранспарентно ќе ги донесат одлуките, самата Комисија за култура, при Министерството за култура која е надлежна за нејзиното одлучување.

„Постоиме за граѓаните. На уште потранспарентен начин ќе се донесат одлуките и ќе гледаме да биде задоволството колку што е можно поголемо. И лани имаше реакции и уште од лани знаевме дека и оваа година ќе има реакции. Тешко се погодува работата за секој. Не можете да носите одлука за било кој, ако нема документи. Молен е, за доставувањето документи, така сме информирани. И еден дел од другите институции, на пример никој не знае не е објавено за „Фолк фест Валандово“ за „Макфест“, а реакциите се присутни. Така да, граѓаните реагираа одлуката, кој што ја донел ќе ја поништи, тоа е законски можно, решенија немаат добиено никој за да евентуално тужи или слично. Ќе се отворат повторно постапките на уште потранспарентен начин, одлуките ќе се донесат“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Министерство за култура и туризам: Меморандумот за разбирање со Британскиот совет е платформа за развој на културната економија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев