ВИДЕО: Втора награда за Александар Шопов на фестивал за анимиран филм во Франција

Од:

Македонскиот автор на цртани филмови Александар Џони-Шопов кој живее во Париз, ја доби втората награда на конкурсот на Dailymotion за краток анимиран филм на Меѓународниот фестивал за анимиран филм во Анеси, Франција.

– По пет години работа во повеќе продуцентски куќи, првпат се пријавив на конкурс со самостоен проект и добив награда. Темата на конкурсот, „Нозете во вода, главата во слики“ ме инспирираше да направам комична критика на светот во кој живееме и во кој доминира сликата.

– Приказната на Pictureless е следнава: еден ден, во малиот град Анси се појавува „мрачниот демон на мракот“ и им го краде на граѓаните она што им е најдрагоцено, не семејството и пријателите, туку сликите. Одеднаш граѓаните не можат веќе да играат видео игри или да гледаат телевизија, па мораат да се занимаваат со други активности-музика, спорт, сликарство…, изјави триесетгодишниот Шопов.


Pictureless (Concours Annecy 2013 + de courts) by a_dzone

Трите први награди ги додели жири составено од американскиот режисер Бил Плимптон, генералниот директор на Cartoon Network Studios (Калифорнија) Брајан А. Милер и главниот уредник на културната редакција на TV 20 Minutes, Стефан Леблан.

Би можело да ве интересира

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола