(ВИДЕО) Роберт Алаѓозовски: Примерот со Вања Лазарова покажа дека Законот за култура е небулозен

Од:

Откако Министерството за култура се премисли во случајот со легендарната Вања Лазарова, таа да биде предложена да добие државна награда, па дури потоа да и’ се овозмножи да зема национална пензија, се актуелизира дополнетиот и изменет Закон за култура, чии што измени беа експресно донесени во почетокот на март во пакет со у други закони.

Според Роберт Алаѓозовски, издавач писател и теоретичар, голем број на одредби во Законот се нефунционални.

– Дополнетиот закон за култура е доста обемен и тој е всушност сосема нов закон во однос на многу прашања. И во таа смисла скандалозно е шо се донесе во брза постапка. Тоа не е оној истиот закон од пред три години, кој требаше да има само измени и дополнувања, така што многу решенија се нови и според мене, дури и изненадувачки. На пример, постои обид за објективизирање и квантифицирање на критериумите. Тоа се гледа во верификувањето на работата на една институција или директор, па се инсистира на број на гледачи, број на продадени билети, или на број на обезбедени спонзорства, а во таа смисла и број на освоени награди или меѓународни признанија. И сега за национален уметник треба да добиете, што се вели, Букерова или Нобелова награда, ама ако добиете Нобелова награда – што ќе ви значи македонската национална пензија која е два просечни доходи, а Нобеловата е цел милион долари. Така, оваа логика на објективизирање не е функционална. Истовремено ако знаеме каква инфлација има во Македонија на наградите и колкав проблем е да се најде едно стручно, непристрасно, непартиско, неклановско жири оваа идеја за пропишување како критериум на каква било награда – е навистина бесмислено, вели Алаѓозовски за А1 он.

Според Алаѓозовски токму примерот со Вања Лазарова покажа колку новите измени во Законот за култура се нефунционални

-И тоа се покажа на примерот со Вања Лазарова тој закон го покажа својот недостаток. Значи Вања Лазарова аплицирала за национална пензија и некоја комисија веднаш направила пресметување на критериумите, еден од нив било таа да има национална награда – таа нема државна награда и не може да биде национален уметник. Комисијата одлучила без воопшто да размислува индивидуално или како група од луѓе кои со знаење би можеле да го измерат вистинскиот квалитет на Вања Лазарова, вели тој.

Министерството за култура соопшти дека високо ги вреднува достигнувањата на Лазарова за македонската култура, но, дека според изменетиот Закон за култура единствен услов, таа да биде наградена за својот придонес е да добие една од државните награди.

Алаѓозовски коментира дека одредбите од измените на Законот за култура допрва ќе предизикуваат незадоволство, па дури и протести во културата.

– Очекувам дека тоа ќе ни се повторува во многу сфери од културата.Незадоволството протекува засега од по страна, па се жалеше синдикатот на МОБ заради реаудицијата, доста директори се жалат заради преголемите варијабли меѓу коефициентите на наградување кои варираат на пример од 2,5 до 5 проценти. Тоа значи дека еден директор може да земе плата од 20 до 80 илјади денари. Таа квантифицирачка манија раѓа многу небулози. Семтам дека допрва овој закон треба да биде предмет на една јавна дебата, а зошто да не, и на протести, вели Алаѓозовски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ