ВИДЕО: Премиера на „Соба со пијано“ на фестивалот „Браќа Манаки“

Од:

Играниот филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов Изи и продукција на Скопје Филм Студио, својата фестивалска премиера ќе ја доживее на овогодинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ на 14 септември, каде како филм од официјалната компетиција ќе се натпреварува за престижната награда „Златна Камера 300“. Официјалната кино-премиера на филмот е закажана за следниот ден, 15 септември, во скопското кино „Милениум“.

„Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена локација од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Оваа соба е единствениот простор, а кусото време минато во неа единственото време, кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, ја живеат луцидната страна на сопствениот живот, го живеат она што вистински се.

Во филмот игра домашна и меѓународна група на актери: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогес, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Фирдаус Неби, Невена Ристиќ, Јагода Кумриќ, Астрит Алихајдарај, Нино Леви и Јана Стојановска. Специјални гости се: Тони Палмер, Мајк Сарн и Ханес Вегенер.

Сценариото за филмот го напиша Жанина Мирчевска во соработка со Игор Иванов, а дел од авторската екипа се и Томи Салковски – продуцент и кинематографер, Чили Гонзалес – автор на музика, Владимир Павловски-монтажа, Миленко Јеремиќ-сценографија, Елена Дончева-костимограф и Ана Булајиќ Црчек-шминка.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери