ВИДЕО: Премиера на филмот на Теона Митевска на Кански филмски фестивал

Од:

Македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ ќе биде прикажан на годинешниот Kански Филмски Фестивал во придружната селекција на „Visions Sociales“.

Фестивалот „Visions Sociales“ повеќе од десет години е партнер на Канскиот фестивал и во оваа престижна пропратна програма ги селектираат општествено ангажираните филмови и организираат дебати и разговори со цел актуелизација на горливи општествени теми кои се обработени во овие филмови.

Филмот „Жената која ги избриша своите солзи“ ќе ја отвори оваа селекција на 17 мај во 21 часот, а на отварањето ќе присуствуваат актерката Викторија Абрил и режисерката Теона Митевска.

По „Јас сум од Титов Велес“ кој во 2009 беше прикажан во селекцијата АСИД ова е втор филм во историјата на македонската кинематографија, кој по премиерата на еден од најпрестижните фестивали во светот, Берлинскиот филмски фестивал, својата француска премиера ја има на Канскиот филмски фестивал.

„Жената која ги избриша своите солзи“ до сега патуваше на над 50 фестивали низ светот, а кино дистрибуција имаше во Германија, Белгија, Словенија, Србија, Босна, Црна Гора, Македонија.

Следниот месец филмот ќе биде прикажан во Сицилија на филмскиот фестивал „Terre di Cinema“, како и на Дубица филмскиот фестивал.

„Жената која ги избриша своите солзи“ во јули ќе ја започне и својата телевизиската дистрибуција започнувајќи со прикажување во Србија на ТВ Студио Б.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он