(ВИДЕО) ЛУДИ: Изложба која креира сопствена земја на чудата

Од:

Вчера во Културно-информативниот центар беше презентирана изложбата „ЛУДИ“- ризик, забава, адреналин. Според авторите на изложбата, Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски, изложбата е можност за бегство од секојдневнието, излез од цетригугата на Матриксот, или со еден збор игра.

Со оваа изложба сакаме да кажеме земете ризик, бидете малку луди. Играта манифестира нешто, манифестира благосостојба и инспирација, рече Винчиќ.

Авторите појаснуваат дека преку уметноста со „ЛУДИ“, сакаат да поттикнат желба за игра и задоволство кај набљудувачот и храброст за бесстрашно преземање ризик.

– Немаше никаква идеја за изложба, се беше на ниво на дружба, забава, смеење, меѓутоа кога колегите рекоа дека се интересни делата, идејата беше да ги претставиме пред набљудувачот, рече Љубовчесвки.

„ЛУДИ“ е збир на уметнички дела кои за момент ќе ви ја променат перцепцијата , карактерот и целото ваше битије . Преку ,, ЛУДИ” се обидовме да креираме сопствена земја на чудата ,каде што нема бариери и се е возможно . Алиса сведочи за тоа , а токму овие слики ја носат мистиката на играта преку портретите , карактерите и симболиката . А сега, дојде време за игра . Опуштете се и дозволете си да бидете малку ЛУДИ, велат авторите.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар