ВИДЕО: Документарниот филм „Професорот“ на Јордан Дуков вечерва на „Македокс“

Од:

Вечерва во 21:30 часот, во рамките на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, во паркот позади МКЦ ќе биде прикажан долгометражниот документарец „Професорот“ на режисерот Јордан Дуков, што е прво фестивалско прикажување на филмот.

„Професорот“ e 75-минутна приказна за универзалниот уметнички и хуманистички подвиг на еден локален херој. Приказна за човек феномен. Истражување на несекојдневниот животен пат на Илија Џаџев, музичар, виртуоз на хавајска гитара, писател, професор по географија. Го нарекуваат последниот македонски трубадур, кој отсвирел над 6.000 бесплатни концерти во светот не правејќи разлика дали свири пред претседатели, просјаци, рудари, деца во градинка, работници во фабрики, рудари, заменувајќи ги концертните сали со родилишта, гробишта, рударски окна, болници, затвори, како и плоштади на големите светски метрополи,“ вели авторот Дуков во описот на филмот.

По „Планински кавијар“ во 2017 година, ова е втор документарен филм на Јордан Дуков кој учествува на „Македокс“.

„Професорот“ e во продукција на „Кадар“, во копродукција со „Машина продукција“ и МТВ. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ и помогнат од Општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска