ВИДЕО: Документарен филм за „Мизар“ од Марко Џамбазоски

Од:

Марко Џамбазоски, студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје и музичар во алтернативниот рок бенд „Визија“ направи краткометражен документарен филм „Мизар – ѕвезда на надежта“.

Филмот ги обработува почетоците на „Мизар“ и трнливиот пат, во кој од обичен гаражен бенд, групата станува една од најзначајните музички состави во историјата на македонската рок-култура. Во филмот се користени, главно, досега необјавени аудио и видео материјали од бендот, од кои еден дел се демо-снимки, а други се земени од архивата на МРТВ.

Целокупната приказна во филмот е базирана на сеќавањата на членовите на „Мизар“ од тој период, и тоа на Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Горан Таневски, Илија Стојановски и Слободан Стојков.

Сценариото, монтажата и режијата се на Марко Џамбазоски, а снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ снимање.

Филмот досега бил дел од неколку интернационални филмски фестивали како што се Стариград Пакленица (Хрватска), ДОРФ (Хрватска), Скопскиот филмски фестивал (Македонија), Македокс (Македонија), КРАФ (Србија), Ориго (Србија), Зајечарска гитаријада (Србија).

Би можело да ве интересира

Откриена тајната на американскиот претседател: „Спиеше со повеќе мажи отколку жени“

Предраг Петровиќ

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска