Охридската пастрмка претставува заштитен знак и синоним за ендемичноста на Охридското езеро, но неконтролираниот лов ќе доведе до потполно исчезнување на истата. Целта на овој документарен филм е да се запознаеме со вековниот ритуал на Охридската пастрмка, каде се мрести, како се однесува при мрест, кои се реакциите при контакт со нуркач, а со единствена порака за нејзина заштита од изумирање.
Документарниот филм е сниман во текот од пет сезони во зима Декември, Јануари и Февруари во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитки води да се мрести. Направени се повеќе од 50 часа снимен материјал и над 300 подводни фотографии, велат од Нуркачкиот центар Амфора.
„Нуркањата беа изведени во екстремни и ноќни услови, на температура на вода од 6 до 7 целзиусови степени, во присуство на планктон, струења, заматена и разбранета вода. За да се направи добар снимен материјал потребно големо искуство во нуркање, стабилност при снимање, да се познаваат навиките на пастрмката и местата на кои се мрести.
Најчесто се снимаше на длабочина од 2 до 15 метри, но направивме и доста нуркања до 40 метри длабочина. Овој документарен филм имаше своја промоција во Охрид, но до сега не е објавен во медиум.
Во овие тешки времиња кога целиот свет и нашиот народ се соочува со големото зло ковин 19, НУРКАЧКИОТ ЦЕНТАР АМФОРА со ваша помош сака да даде свој допринос и на нашите граѓани да им прикаже интерсна приказна и да им го олесни домашниот престој“, се вели во соопштението.