„Повикуваме заменик министерот за култура веднаш да ја поништи Годишната програма потпишана од министерката за култура во заминување Канческа Милевска!
Го потсетуваме заменик министерот за култура Драган Недељковиќ дека програмата е потпишана од лице осомничено од СЈО, кое изршува две функции министерка и пратеничка.
Има и нешто поскандалозно.
По нашите охрабрувачки повици да не се молчи за незаконското правење на Годишната програма, ги добивме овие сознанија:
– Комисиите преку коишто одело одлучувањето за средствата во Годишната програма, имале политички притисоци!
– Имало странични мешања во нивната работа!
– Конечните листи, според нашите информации, им биле одземени на комисииите и биле довршени во кабинетот на министерката во заминување!
Не може заменик министерот за култура да не е запознаен со ништо од ова што го правела Канческа Милевска. Потенцираме дека е недозволиво парите во Годишната програма да се делат тајно и нејасно, како за оние кои се одбиени, така и за автори кои фигурираат во добитници, но не знаат ни дали добиле доволно средства, ниту ако не добиле – зошто е така.
Потсетуваме дека веќе еднаш имаше поништување на резултатите на Комисијата за издавачка дејност, во 2007 година. Тоа е нешто што е позната пракса.
Со оглед на околностите под коишто е носена и донесена програмата, очекуваме поништување на Годишната програма за култура во целост – да се формираат нови комисии и да се направи преоценување на проектите на транспарентен и законит начин“, изјави Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.