Вевчанскиот „Жорж Данден“ вечер во Скопје

Од:

Претставата „Жорж Данден“ на Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани, која претходно доживеа неколку успешни изданија низ Македонија, вечер ќе биде прикажана пред скопската публика во Драмскиот театар.

Драмскотото дело, на текст од Молиер, а во режија на Ѓорѓи Ризески, е сработено по вевчанскиот рецепт со сценографија типична за животот од тој крај, со актерска игра, говор и хумор зачинет со вевчански белег. Преку ликот на Жорж Данден, младиот режисер Ризески ја испраќа пораката  за животот, но и дилемата – колку сме подготвени да ги прифатиме промените.

– Пораката е токму тоа, да се чуваат сите луѓе од оние кои прават маски, кои пробуваат да ја цицаат крвта од нивните џебови. Животот секогаш продолжува што и да се случи и покрај тоа што семејството повеќе не може да се сочува, вели Ризески.

Вевчани е позната општина каде се негува најдолгата традиција на карневалот, исмејувањето, сатирата. Вевчанци велат дека сето тоа се должи на нивната уникатност.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање