„Ветровито време“ – нова збирка поезија од битолскиот поет Панде Манојлов

Од:

Панде Манојлов, поет, прозаист, критичар и новинар од Битола ја претстави својата најнова збирка поезија „Ветровито време“ чиј издавач е Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје.

Професорката Милица Димитријовска Радевска во својот осврт кон најновото поетско дел на Панде Панојлов нагласи дека најновата поетска креација на Манојлов, „Ветровито време“ е синтагма која ја определува суштината на една нова филозофски јадровито исполнета поезија.

– Ветерот и времето како непостојани, несигурни категории кај човекот будат страв од неизвесноста, од недореченото,од непосакувани промени. Тој неспокој на поетот, низ 60 песни во стихозбираката конотира нови семиотички значења на лексичките единици – татковина, судбината на поетот, родот и родниот кат, современи опстојби и состојби. Поезијата на Панде Манојлов е ода на патриотизмот, но има и повисоки дострели затоа што за поетот патриотизмот не е само љубов скришна и тајновита, туку тоа е љубов со универзални значења, со еден космополитски стремеж во духот на еден Рацин да се почитува и коренот и родот исто толку колку што во срцето носиме љубов за оние што не’ почитуваат, вели Димитријовска Радевска.

Панде Манојлов е член на Друштвото на писателите на Македонија, автор на над дваесеттина книги поезија и проза, а неговите песни се објавени и препеани на англиски, француски, германски, руски, арапски, турски, бугарски, грчки, италијански, романски, башкириски, татарски, српски, хрватски и други јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска