Верче Карафилоска добитник на наградата „Живко Чинго“

Од:

Верче Карафилоска е автор на расказот „Коси од розева волница“ што годинава ја понесе наградата „Живко Чинго“ за најдобар краток расказ, којашто традиционално општина Охрид ја доделува во рамки на манифестацијата „Вечери на Чинго“.

Нејзиниот расказ беше прогласен за најдобар од 59 творби, колку што конкурираа за наградата за 2014 година.

Наградата е парична и изнесува 30 илјади денари, а ќе и биде врачена на 13 август, на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ во охридското село Велгошти, родното место на Чинго.

Верче Карафилоска е родена 1994 година во Гостивар. Непосредно по раѓањето се сели во Скопје каде живее и денес. Средно образование завршила во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“. По завршување на средното образование се запишува на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Нејзиното позначајно книжевно достигнување се случува во 2013 година, кога со расказот „Мукавени ѕвезди“ го освоји првото место и на годишниот конкурс за краток расказ што го објавува „Нова Македонија“. Во моментот го пишува нејзиниот прв роман „Бездомникот со златен часовник“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска