Вера Чорниј Мешкова е лауреат на меѓународниот натпревар „Де Ришелје“

Од:

Македонската и украинска поетеса и преведувач Вера Чорниј-Мешкова е прогласена за лауреат на „Дијамантскиот Војвода де Ришелје“ во категоријата „Поезија“ на меѓународниот литературно-уметнички натпревар „Де Ришелје“.

Чорниј-Мешкова го освои ова признание за преведувачко мајсторство за својот превод на стихозбирките „Љубов со водената вила (Техника на безбедност)“ од Сергиј Ѕјуба и „Приспособување кон времето“ од Тетјана Ѕјуба, изданија што неодамна ги објави книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје.

Инаку, секоја година, повеќе од 800 поети, прозаисти, драматурзи, преведувачи, литературни критичари, музичари, пејачи, композитори, актери, уметници, новинари од 50-тина држави ширум светот учествуваат
на овој натпревар.

Би можело да ве интересира

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид