Венеција го слави балканското културно наследство

Од:

Од 22 до 24 март во Венеција на иницијатива на Културната фондација „Чини“ (Fondazione Giorgio Cini) се одржува академски симпозиум на тема Балканското аудиовизуелно наследство во европската цивилизација.

Домаќин е венецијанскиот универзитет „Ка Фоскари“, а поканети се претставници на Уметничката академија од Ротердам (Codarts) и Универзитетот од Дурeм, Англија. Високообразовните институции од Македонија и Југоисточна Европа ги претставува ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш, во својство на на Генерален секретар на Academia Balkanica Europeana.

Годишната тема на симпозиумот е фокусирана врз етномузикологијата како израз на идентитетот во документарните филмови од балканските земји. Легендарниот турски композитир Кудси Ергунер, кој живее во Париз ја раководи работилницата во која ќе настапат повеќе вокални солисти и индивидуални исполнители на традиционални инструменти на свечениот концерт кој ќе се одржи во култната сала на Фондацијата „Чини“ на 24 март (сабота) во 20 часот, каде ќе бидат изведени песни од турската, македонската, албанската и грчката музичка ризница.

По тој повод Фондацијата „Чини“ објави конкурс за мастер-клас кој ќе се одржи во јуни 2018 во Венеција, како и за изработка на на документарен филм поврзан со етномузиколошките традиции на Балканот кој е отворен за сите студенти и постдипломци од македонските универзитети.

Повеќе информации може да се добијат на следниов линк:

Scholarships

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија