Велешкиот театар ја завршува сезоната со новогодишна претстава за деца

Од:

В сабота, на 29 декември, на големата сцена, со почеток во 18 часот театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес ќе ја изведе новогодишната претстава за деца „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ во адаптација и режија на Ненад Витанов, како последна претстава од репертоарот на театарот за сезоната 2018.

Ова е пригодна новогодишна театарска продукција наменета за деца на возраст од 4 до 12 години која театарот ја реализира од сопствени средства. Истата веќе имаше неколку изведби на репертоарот на театарот со организирана посета на деца од градинките и основните училишта во Велес.

Во претставата настапуваат актерите: Талија Настова како Снешка Смешка, Фаик Мефаиловски во улогата на Тео Текнувало и на Дедо Мраз, Жарко Спасовски како Принцот Мраско, а во улогата на раскажувачот (наратор) се појавува режисерот Ненад Витанов.

Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“