Вечерва во Струмица се отвораат десет сцени на кои ќе се одржат 28 културни и забавни настани

Од:

Вечерва со почеток во 21 часот на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ стартува најголемата летна културно – забавна манифестација во државата „Струмица опен Фестивал 2014“. Честа да го отворат фестивалот им припадна на најмладите, односно на членовите на студиото за модерен балет „Газели“, а по нив следува настапот на финалистите на детскиот фестивал Јо – Јо.

По ова, првата фестивалска вечер продолжува на познатата леблебиџиска улица каде ќе се одржи забава со рок бендот The Hounds.

Со своите сограѓани и гостите, вечерва ќе се дружи и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

strumica-open-fest-2014 (1)

-Општина Струмица и јас како Градоначалник, се гордееме што и ова лето по трет пат, се реализира една многу убава и значајна културно – забавна манифестација, која веќе станува препознатлив белег и ја зацврстува позицијата на градот како културен центар во источна Македонија. Овој фестивал е поинаков од сите други фестивали во државата затоа што нуди програма за сите вкусови и сите генерации. Фестивал кој ја почитува долгата домашна културна традиција, но и потврдува дека Струмица вистински живее во 21 век со широко отворени порти за новите светски понуди на културно -забавната сцена. Позитивните реакции на граѓаните на општина Струмица и големиот број на посетители од цела Македонија во изминатите две години, потврдуваат дека сме направиле вистински културно – забавен избор во летниот период, изјави градоначалникот Заев.

Дека „Струмица опен фестивал“ е поразличен од останатите фестивали потврдува фактот што на десет отворени сцени во следните 11 дена ќе се случат 28 настани, почнувајќи од ликовна колонија, вечери на поезијата, на театарот, на филмот, вечер на афоризми, промоција на книги, трка на келнери, концерт на лица со телесен инвалидитет, ревија на носии, архитектонска изложба, и секако отворени музички сцени со настап на изведувачи од речиси сите музички жанрови, како од домашната, така и од странската музичка сцена. За прв пат година, дел од фестивалските содржини ќе се преселат и во населените места Муртино и Просениково.

strumica-open-fest-2014 (3)

Фестивалот се одржува во организација на здружението „Културен забавен живот“ со поддршка на општина Струмица.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење