Вечерва се отвора 71. Венециски филмски фестивал

Од:

Со проекција на филмот Birdman (The Unexpected Virtue of Ignorance) црна комедија на мексикaнсиот режисер Алехандро Гонзалес Инаритуа, вечерва се отвора 71. Венециски фестивал, еден од најважните годишни филмски случувања во светот.

Во главната конкуренција се уште 19 филмови меѓу кои се и The Cut на Фатих Акин – спој на драма, авантура и вестерн, Pasollini на Абел Ферара, приказна за последните денови на славниот италијански режисер со Вилијам Дафо во главната улога и и Manglehorn, филм во режија на Дејвид Гордон Грин во кој Ал Пачино глуми бравар со љубовни проблеми.

Во престижното друштво на оние кои може да го добијат Златниот лав, се и Good Kill на Ендрју Никол, 99 Homes и документарецот The Look of Silence на Џошуа Опенхајмер за семејство кое преживеало геноцид во Индонезија во средината на 60-те, а сега се соочува со убиецот на еден од своите браќа.

Во натпреварувачкиот дел се 55 филмови од кои 54 се светски премиери. Четирите фестивалски програмски целини – Венеција 71, Вон конкуренција, Хоризонти и Венеција-класици, ќе соберат до затворањето на 6 септември филмови од речиси 40 национални кинематогарфии.

Добитниците на венециските награди ќе бидат соопштени на затворањето, но веќе се знаат добитниците на Златниот лав за животно дело – тројната добитчника на Оскар, американската филмска монтажерка Телма Шонмејкер, редовна соработничка на Мартин Скорсезе и американскиот независен режисер Фредерик Вајсман.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ