Вечерва промоција на романот „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“

Од:

Во Клубот ГЕМ (Стара чаршија), на 14 април, во 20 часот, ќе биде промовиран романот „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ од Игор Станојоски во издание на „Или-или“. За романот ќе зборува Оливера Ќорвезироска.

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломирал во Скопје на катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност на УКИМ. Работел на универзитетите во Лавов (Украина), Катовице (Полска) и Брно (Чешка). Докторирал во Полска во 2009 година. Автор е на 5 книги од областа на лингвистиката и на романот „Гаргара“, финалист на Роман на годината 2014 на „Утрински весник“.

„Во ’Првиот универзитетски ден на мојата ќерка‘ ништо не е така како што навидум изгледа (дури ни здравите јаболка на масата во болно време!); но, затоа пак, сè е беспрекорно како што беше и во ’Гаргара‘; сè е како што треба да биде во секоја одлична книга која решително ги совладува локалните сопки на патот кон универзалната, севремена и сепросторна литература“, пишува Оливера Ќорвезироска.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков