Вечерва промоција и гостување на унгарската писателка Оршоја Карафиат

Од:

Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ го најавува гостувањето на провокативната унгарска писателка од новата генерација, Оршоја Карафиат, по повод промоцијата на преводот на македонски јазик на нејзиниот роман “Малечката Лили”.

Промоцијата ќе се одржи вечерва (23.09) во 20 часот во клубот “Гем” (над Менада) во Старата скопска чаршија, а делото ќе го претстават промоторките Ана Мартиноска и Ирена Цветковиќ.

Преводот на романот е на Златко Панзов (јазична редакција Анамарија Цинеге Панзова), илустрацијата на корицата е на Марија Смилевска, а дизајнот на Бојси (brigada.mk)

Излегувањето на книгата е дел од програмата “Креативна Европа” на Европската унија, која го поддржа и гостувањето на унгарската авторка во Македонија.

Оршоја Карафиат (1976, Будимпешта) е поетеса, писателка, преведувач и публицист. Студирала естонски јазик и библиотекарство на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, подоцна дипломирала и унгарски јазик и книжевност. До 2005 година работи во библиотеката на музејот “Лудвиг” во Будимпешта, каде што организира и разни културни настани. Нејзините публикации редовно се објавуваат во litera.hu, во унгарското издание на „Elle“ и во Magyar Narancs.

Позначајни дела: „Тајната песна на Лоте Ленија“ (песни, 1999), „Café X“ (песни, 2004), „Мафија-клубот“ (роман, 2008), „Циганска карта“ (песни, 2009), „Малечката Лили“ (роман, 2012), „Домашното милениче“ (роман, 2013) и „Живее“ (песни, 2015).

Главната хероина на овој возбудлив роман на Оршоја Крафиат е триесетгодишната Лиа. Нејзината приказна се одвива по линиите на нејзините две бурни врски: љубовта кон некогашната професорка од гимназија, Мари, ја открива преку огледалото на својата врска со подоцнежната шефица – некогаш маѓепсувачката, но на моменти и бескрајно грубата и нечувствителна Лили. Дали Лиа ќе успее да излезе од магичниот круг, поради кој е способна да размислува само во категориите на душевната хиерархија, замислувајќи каква било врска само во зависност од неа? Дали ќе научи да каже “не” и дали конечно ќе се прифати себеси.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска