Вечерва ќе се отвори Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Од:

Во кино салата при НУ „Центар за култура“ во Крива Паланка вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена театарската завеса од 5.  Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

На овој осумдневен театарски кампус ќе настапат осум театри од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и домаќинот Македонија, при што ќе продефилираат 46 актери.

За отворен фестивалот ќе го прогласи кривопаланечкиот градоначалник Арсенчо Алексовски, кој воедно е и претседател на Организацискиот одбор.

Вечерва прв ќе настапи Драмскиот театар од Скопје со претставата „Грев или шприцер“ од авторот Сашко Насев во режија на Дејан Дамјановски.

Оваа културна манифестација е во рамките на проектот „Крива Паланка град на културата за 2013 година“, а е во организација на општината и Центарот за култура со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање