Во фоајето на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, вечер со почеток во 20 часот ќе биде одржана Вечер со поезијата на Васил Тоциновски.
Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, избор од поезијата на Тоциновски ќе читаат актери од театарот, во музичка придружба на Сашко Костов.
Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар посветена на афирмација и промоција на поезијата на поети по потекло од Велес. Во рамките на циклусот досега се одржаа вечери со поезијата на Катица Ќулафкова, Ристо Јачев, Павлина Климкар Меанџиева и Игор Крајчев.