Вечер на поезија со Лидија Димковска на Струмица опен фестивал

Од:

Во рамките на Оф-програмата на 7. Струмица опен фестивал, синоќа се одржа Вечер на поезија со Лидија Димковска, поетеса, прозаист, естетичар, теоретичар на книжевноста и преведувач.

Во амбиент на отворено, на езерцето во Градскиот парк во Струмица, за творешттвото на Димковска зборуваше поетесата Вања Изова Велева. Таа истакна дека книгите на Димковска се преведени на повеќе од 20 јазици и добитник е на повеќе книжевни награди и признанија.

Во своето обраќање поетесата Димковска рече дека во некои градови се стигнува преку други градови, земји, села, планини и мориња.

– Јас во Струмица стигнав во мојата 47 година, иако го видов половина свет. Струмица беше секогаш некако далеку. Неколку години по ред Вања упорно ми испраќаше покана за овој фестивал и секогаш поканата стигнуваше по моето враќање од Македонија во Словенија или кога не планирав да дојдам во Македонија. Значи, секогаш или прерано или предоцна. Оваа година се погоди точно на време и јас мислам дека стигнав на вистинското место во вистинското време, рече Димковска, која работи и живее во Словенија.

Стихови од богато творештво на Димковска читаа Катерина Панова Кожарова, Сузана Мицева и Мариета Дукиќ, а во рамките на Вечерта на поезијата млади љубители на пишаниот абор од Струмица се претставија со свои стихови.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот