Вечер на француски мелодии

Од:

Мецосопранистката Елена Ангеловска и пијанистката Марија Ѓошевска вечер во Салонот 19.19 во Културно-информативниот центар ќе одржат концерт на француски мелодии. На програмата се дела од Сати, Орик, Русел и Пуланк.

Елена Ангеловска, колоратурен мецосопран, е родена во Париз, а средно музичко образование по соло пеење завршила во Скопје. Во периодот од 1989 до 1995 студира соло пеење во Париз на два конзерваториума и во музичката институција за високи студии „Екол Нормал“.

По студиите специјализира стара музика со акцент на барокната. Во периодот 1996-2007 има статус слободен уметник, а од 2007 година е вработена во МОБ. Реализира бројни рецитали и концерти со помали и поголеми оркестри изведувајќи програма од периодот на ренесансната до музиката на дваесетиот век. Во 1996 го формира квартетот „Келтикум“ кој и до денес има повеќе настапи на фестивали во Македонија.

Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите и најактивни пијанисти во Македонија. Таа е вонреден професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска