Во рамки на програмата „Култура во време на корона“ вечер во Скопје ќе се одржат два концерта. Во 20:30 часот во паркот во Автокоманда концерт ќе одржи групата THE RINGTONES, а за во 22 часот во Универзалната сала е закажан настапот на PALINDROM. Концертите ќе бидат пренесувани во живо на фејсбук страницата и на јутуб каналот на град Скопје.
Градот Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.
Идејата на повикот, велат од Град Скопје, е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
аинтересираните уметници може да се пријавуваат на веб страницата на МКЦ. Со овој повик ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до два часа, техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје, како и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење исто така, до два часа.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.