„Љубојна“ вечер ќе пее во Буњаковец, „Бонифејс“ во Чаир

Од:

Во рамки на програмата „Култура во време на корона“ на Град Скопје вечер ќе се одржат два концерта.

Групата „Љубојна“ ќе одржи концерт кај Железничката зграда зад трговскиот центар Буњаковец. Концертот ќе почне во 19 часот.

Во Чаир, кај паркот на улица Вуковарска во 20:30 часот ќе настапи „Бонифејс“ (BONIFACE).

Настапите ќе бидат стримувани на „Фејсбук“ страницата на Град Скопје и на неговиот јутјуб-канал.

Од Градот Скопје потсетуваат дека, заедно со градските културни институции, на 13 април бил објавен јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници коишто ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Оттаму информираат дека заинтересираните уметници може да се пријавуваат на интернет-страницата на МКЦ. Ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до два часа, а техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје. Ќе бидат поддржани и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца, во времетраење до два часа.

-Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето-износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Скопје беше прва локална самоуправа во Европа со проект „Култура во време на корона“

Жарко Настоски

Репризи од „Култура во време на корона“ за време на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

ЈУ Универзална сала и Skopje Light Art District со видео проекција за благодарност до сите што се борат против коронавирусот

Ана Ололовска

Вечер концерти на две музички групи во рамки на Програмата „Култура во време на корона“

Ана Ололовска

Во рамки на програмата „Култура во време на корона“, вечер две нови изведби

Ана Ололовска

Вечер во паркот во Капиштец концерт на сурф-рок бендот Д Планктонс, а во 20:30 часот настап ќе имаат Нокаут

Ана Ололовска