„Вампирското“ – нова поема на Ристо Лазаров

Од:

Издавачката куќа „Дијалог” објави поема на Ристо Лазаров насловена „Вампирското”, која е 26-та негова поетска книга.

– Поемата „Вампирско“ жанровски асоцира на балата, на песна, на мелодија што се игра (ballare – играње, ороиграње); на лауда; на карневалска песна, на оние македонски обредни ора и покладни песни; на лакрдија; на едно, во Бахтинова смисла, карневалско чувствување на светот, на сатиричен пев како изворен поетски одраз на менталитетот на нашето време, наведува издавачот.

Академик Георги Старделов во поговорот се осврнува на  поемите на Лазаров и подвлекува дека она што длабоко импресионира во нив е „големата, ретката, исклучителната поетска инвенција и имагинација, како и каде да ја лоцира, како и во која форма да ја изрази својата поетска мисла и идеја”.

– Ристо Лазаров, за разлика од многу наши поети не бега од, речиси емпириската стварност, туку настојува неа најнепосредно да се соочи да ја воздигне до степен на оригинален поетски пев. Затоа и можам него да го наречам поет на македонската транзиција, додава Старделов.

Лазаров е автор и на повеќе книги огледи, како и на препеви од странски јазици. Негови книги се преведени на десетина странски јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска