В петок изведба на „Дамата со камелии“ во Националната опера и балет

Од:

Во петок, 22 ноември со почеток во 20 часот, во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2019, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург.

Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ.

Би можело да ве интересира

„Арт балет“ од Скопје освои седум златни медали на Европското првенство по танц во Москва

Ана Ололовска

Две изведби на балетската претстава „Есмералда“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Есмералда“ со две изведби во НОБ

Ана Ололовска

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во НОБ

Ана Ололовска

Четири изведби на балетот „Оревокршачка“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Оревокршачка“

Ана Ололовска