„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

Од:

Опсервацијата на ликовните дела во актуелната изложба „Уживање“ на двете млади, академски ликовни авторки, Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева, е предизвик за нотирање на нови енергии и продукции во ликовната сфера, но и задача за барање на онаа допирна точка, оној заеднички именител кој ги поврзува како творци, а ги издвојува како индивидуи.

Во овој колаборативен проект, Ампева и Патлиџанковска преку своите дела се обидуваат да ја пренесат „магијата“, убавината на творечкиот занес во процесот на создавањето на едно дело, високото чувство на задоволство при проекцијата на мислата и материјализацијата на сликарската идеја на сликарското платно.

Изложбата содржи дела работени во текот на 2024 година, големи формати, кои во ликовниот израз припаѓаат на реалистичката или фигуративната ликовна сфера, со примеси на одредена симболичност и асоцијативност.

Изложбата ќе биде отворена до 14 ноември.

Би можело да ве интересира

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа