Утврден репертоарот на годинашниот ДАФ во Кочани

Од:

Управниот одбор на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани на денешната седница го прифати репертоарот на годинашното 53-то издание кое ќе се одржи од 29 мај до 3 јуни.

Селекторот Дарко Јан Спасов, од 34-те пријавени претстави од Македонија и странство одбра 13 претстави од кои четири ќе бидат изведени во детската програма, а останатите девет во вечерниот термин и во алтернативната програма.

– Годинава на увид беа понудени 34 претстави од кои најголемиот дел се работени на текстови од домашни автори и со млади режисерски имиња. Радува податокот што има претстави од најразлични средини, а посебно интересна е претставата за деца која доаѓа од Прилеп и во која настапуваат деца од повеќе националности, а играат на текст од бугарски автор, изјави драматургот Спасов.

На годинашниот ДАФ ќе бидат изведени претставите „„Големи и мали“ на Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево, „Ние врапчињата“ на театарската група „Заедно можеме подобро“ од Прилеп и Долнени, „Алиса во земјата на чудата“ на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ од село Иванковци, Велес, „Сонувачот, купувачот и уште нешто…“ на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, „Буре барут“ на НАТГ „Аматер“ од Охрид, „Дисфункција“ на Интимен театар – Младинска сцена од Битола, „Ништо без Трифолио“ на Аматерскиот театар „Куманово“, „Ричард Трети“ на СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје, „Бомбите во салонот Бумс“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица, „Илустрација за тоа како идејата го запрепастува човекот кој не е спремен за неа“ на Младинскиот образовен форум од Скопје и „Не се клади на англичани“ на Центарот за култура од Крива Паланка.

Од странските претстави годнава ќе бидат изведени претставата „Вечера на будалите“ на КУД „Бранко Радичевиќ“ од Стара Пазова и „На морската шир“ на Велики театар Јагодина.

Претставите ќе се играат на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани. Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура и општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена