Утревечер премиера на филмот „409“

Од:

Во среда, 17 ти април, со почеток во 18 часот во киното Синеплекс (сала 8), ќе се оджи премиерата на краткометражниот филм “409“ во сценарио и режија на Даријан Пејовски. Главните улоги ги толкуваат Симеон Дамевски и Ирена Ристиќ. 

„409” е приказна за човек кој поседува се она што во општествена смисла значи „нормален” или „успешен”. Но токму овие параметри го врамуваат и го потиснуваат во агол, кадешто во недостиг на емотивна сатисфакција, се врти кон самиот себе. Филмот претставува кратка студија за осаменоста, раскажана преку чист, класичен филмски јазик.

Продуценти се Горан Ацевски, Кристијан Ристески и Јовица Пановски. Кинематографер е Димо Попов, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, музиката ја напиша Александар Пејовски. Монтажер е Горјан Гешоски, костимограф Розе Трајческа Ристевска.

Филмот е во продукција на Марни Филмс и Вертиго Висуал и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ