Усвоена Декларација за зајакнување на регионалната соработка во културата

Од:

Советот на министри за култура на Југоисточна Европа на четвртата конференција во Сараево, на која учествува и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, усвои Декларација за зајакнување на регионалната соработка.

Министерот Алаѓозовски, како што информираат од неговиот кабинет, предложил и подиректно вклучување на културата во Берлинскиот процес и формирање на регионален фонд, по примерот на Нордискиот совет на министри или Вишеградскиот фонд.

Алаѓозовски, во своето обраќање, ја изразил недвосмислената поддршка на Македонија за Декларацијата и цврстата заложба за унапредување и интензивирање на регионалната соработка.

– Ваквиот синхронизиран пристап на меѓународните организации и регионални иницијативи со националните стратегии и политики по однос на новите предизвици, со кои се соочува културата и културниот сектор, се од огромно значење за создавање на предуслови и услови, кои ќе овозможат спроведување и одржливост на нови иницијативи и проекти со европски и универзални вредности, истакнал Алаѓозовски.

Посочил дека регионот е одамна подготвен да создаде организирана структура за поддршка со цел на нашите институции, организации и оператори да им овозможи постојана и стратешка поддршка.

– Фонд, кој што би ги имал во своите линии на поддршка и културните и креативните сектори, и независните иницијативи и современите медиумски производи, како филмови, ТВ серии и емисии. Ние веќе сме дел од различни структури, што го опфаќаат регионот, како Традуки, Форумот на словенски култури, независната мрежа Кооператива, споменатата платформа 16+1. Дојдено е времето да овозможиме одржлив механизам, кој ќе придонесе за развој на мултилатералните соработнички проекти во регионот. Оваа иницијатива ќе биде успешна, само доколку ја добиеме поддршката од вас, земјите-членки на ЕУ во оваа регионална платформа, бидејќи во овој процес можат да ни помогнат оние кои се најблиску до нас и кои веќе го поминале патот кој ние го чекориме сега, потенцирал Алаѓозовски, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

На конференцијата учествуваат делегации и министри од 11 земји – членки од регионот, а главна цел е зајакнување на регионалната соработка во областа на културата и развојот, зајакнување на културното наследство и креативноста како двигатели за одржлив развој и регионална интеграција.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија