Македонската пијанистка Ана Гацева, вчера вечер имаше блескав пијано-рецитал во Софија, во концертната сала „Борис Христов”.
Како што информираат од КИЦ на РМ, познатата пијанистка пред софиската публика се претстави со „Слики” од Клод Дебиси, „Пиеси оп.118″ и со две композиции од Кокан Димушевски, за што измами долги аплаузи и два биса.
Ова е второ претставување на Гацева со соло концерт во Софија, по првиот настап во 2008 година. И двете гостувања беа во реализација на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија со поддршка од Министерството за култура.