Влада Урошевиќ и Александар Прокопиев се објавени во годишна антологија на најдобри европски раскази на познатиот американски издавач Dalkey Archive Press.
Во антологијата се објавени извадоци од „Седмата страна на коцката“ на Урошевиќ и од „Змиулче“ на Прокопиев.
Преводот на англиски е на Вил Фирт, кој за ова антологиско издание преведе уште седум раскази на автори од Хрватска, Србија и од Црна Гора.
Приредувач на антологијата е словенечкиот писател Драго Јанчар.