Би-Би-Си – Лондон
Нападот врз управникот на Унгарската опера беше груб и неочекуван. Напаѓачот е Маѓар Идук од владејачката партија Фидес.
Деца кои го гледаа мјузиклот „Били Елиот” се во опасност да станат хомосексуалци, напиша Жопија Н. Хорват во колумна.
Дури и црвените ѕвезди што биле употребени во настапот се најдоа на удар, бидејќи прикажуваат „забранети симболи”.
„Били Елиот” раскажува приказна за 11-годишно момче кое решава да стане балетан во текот на штрајкот на рударите во Велика Британија во далечната 1984 година.
Сцената во која машко дете облекува женска облека за некои е посебно навредлива.
Критиките за мјузиклот предизвикаа метеж во унгарските медиуми.
Критиките на колумнистката Хорват се многу невообичаени, имајќи предвид дека тоа е трета сезона на мјузиклот што се изведува уште од 2016 година и до денес не доби никакви негативни критики.
Началникот на операта Силвестер Оковч ужива поддршка од самиот врв.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и неговата сопруга Анико, постојано ја посетуваат на Операта, на која и се дадени 83 милиони евра за да заврши двегодишната реконструкција.
Друга една мистериозна работа во оваа приказна е и тоа што никој не слушнал за колумнистката Хорват.
По победата на изборите во април, приврзаниците на политиката на Орбан станаа поамбициозни.
Написот со кој се критикува мјузиклот се вклопува во новиот тренд кој се спротивставува на либералните мотиви во филмот, театарот и литературата и кој го поддржуваат членовите на партијата Фидес.
Истиот медиум кој ја објави критиката за мјузиклот, од почетокот на 2018 година, објавува редовно текстови на припадници на Фидес.
Приврзаниците на новиот културен тренд сметаат дека културата треба да се „исчисти” од оние кои оставаат простор за „либерални, глобалистички и космополитски” идеи.
Директорот на операта двапати се произнесе по колумната.
Еден ден по контроверзната критика, во истиот магазин објави текст во кој пишува дека, ако хомосексуалноста е проблем во уметноста, тогаш ни сите дела на Бетовен, Моцарт, Чајковски и Штраус не можат да бидат изведени.
Сепак, пред една недела, објави дека 15 од 44 изведби на мјузиклот се откажани, но „не поради контроверзи, туку поради малиот број продадени билети, што е резултат на медиумскиот притисок”.
– Кога родителите, на една страна слушаат дека музиклот е геј пропаганда, а од друга страна дека е хомофобичен, констатират дека постои проблем. Иако нема проблеми – од комарец прават магаре”, вели Оковч за Би-Би-Си.
Мјузиклот и понатаму се смета за успешен.
Повеќе од 100 илјади луѓе го гледаа мјузиклот во Унгарија, што се смета за успех.
Благодарение на продадените билети, Операта основа балетска школа, која до сега беше посетувана од сто ученици.