На Западната тераса на Братиславскиот замок во Словачка, од 14 до 30 август, годинава, ќе се одржи третото издание на меѓународната изложба „Butterflies in the Soul“, во организација на невладиното здружение SME ŽENY од Братислава, во соработка со Националниот совет на Република Словачка.
Македонија годинава ќе биде претставена од двајца истакнати автори: Филип Фидановски, со седум скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“ и Ана Митевска, со четири слики акрил и масло на платно од циклусот „Надеж“, соопштуваат уметниците.
Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“ и ќе се претстават уметници од повеќе земји од Европа.
Претставувањето на македонските уметници се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, со поддршка на Македонската амбасада во Братислава и организациска поддршка на Архифакт од Скопје.