Умберто Еко не доби препорака за почесен докторат во Чешка

Од:

Научниот одбор при Карловиот Универзитет (УК) во Прага, не препорача почесен докторат за италијанскиот писател, научник и философ Умберто Еко, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Според портпаролот на еден од најстарите светски универзитети, Вацлав Хајек, причините за ваквата одлука на членовите не се познати, бидејќи гласањето било тајно.

Конечната одлука за одликувањето на Еко со научната титула „доктор хонорис кауза“ ќе ја донесат ректорот на Универзитетот и претседателот на Научниот одбор.

Почесната докторска титула на чешкиот Универзитет се доделува на личности за меѓународно значајни придонеси во унапредување на науката или културата или на друг начин во име на човештвото.

Предлогот за доделување на „титулата за заслуги“, на ректорот муго дава деканот, заедно со мислењето на Научниот одбор. Ректорот, потоа одлучува имајќи го предвид мислењето на професорскиот кадар.

Според она што деканот на Философскиот факултет на УК, Михал Стехлик го напиша на својот Фејсбук профил, причината за ваквата одлука е тоа што Еко „нема никаква релација со овој Универзитет и неговата дејност не е доволно научна“.

Осумдесет и едногодишниот писател досега има добиено 28 почесни докторски титули од универзитети од целиот свет. Тој е професор по семиотика на Болоњскиот универзитет и предава на универзитети во Европа и САД.

Автор е на романите „Името на розата“, „Нишалото на Фуко“, „,Островот на претходниот ден“, „Баудолино“ и „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“, како и голем број научни дела, детски книги и есеи.

Неговиот последен роман „Прашки гробишта“ е една од најпродаваните книги во светот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска