Учесниците на 56-те Струшки вечери на поезијата на поетско матине во Матка

Од:

На платото пред црквата „Св. Андреја“ на Матка денеска ќе се одржи традиционалното поетско матине, а вечер поетите учесници на 56-те Струшки вечери на поезијата ќе ги читаат своите стихови на плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост во Скопје.

Со поетската манифестација „Мостови на Струга“ и врачување на годинашните награди, синоќа во Струга завршија 56. Струшки вчери на поезијата. На свеченото затворање на фестивалот настапија дваесетина поети.

– Убава ноќ, убава река, подобро не може да биде, беа зборовите на благодарност на годинашниот добитник на „Златниот венец“ американскиот поет Чарлс Симиќ. Наградата му ја врачи претседателката на УО на манифестацијата Елизабета Шелева.

Наградата „Браќа Миладиновци“ на поетот Михаил Ренџов за неговата книга „Јас. Елегии“ му ја врачи Кристина Николовска претставник на жири-комисијата која одлучуваше за најдобрите поетски збирки. Инаку, Ренџов е двократен добитник на најпрестижното национално признание за поетско творештво кое му беше доделено и во 1982 година за книгата „Нерези“.

Наградата „Мостови на Струга“ што се доделува заедно со УНЕСКО, на младиот хрватски поет Горан Чолакхоџиќ му ја врачи директорот на манифестацијата Мите Стефоски.

На полноќ во хотелот „Дрим“ на поетот Јосип Коцев му беше врачена наградата „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор од Македонија прочитана на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот