Ученици од ДМБУЦ на Фестивал на млади музичари од Медитеранот

Од:

Десет ученици и нивни наставници од Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ од Скопје заминаа во Италија на Фестивал на млади музичари од Медитеранот, каде што ќе настапат заедно со ученици од Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Словенија, Црна Гора, Грција, Шпанија, Романија и Италија.

Фестивалот е резултат на проект за соработка меѓу музичките училишта од Источна и Западна Европа. Првично проектот беше регионален и почна со бесплатен семинар и концерти во Призрен, каде што секоја година учествуваа неколку ученици од ова училиште, а потоа беа избирани да настапат со оркестарот кој работи и одржува концерти во неколку градови во Италија.

ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј” веќе неколку години е партнер училиште со „Ipsia Forli-Cezena“ од Италија, кои се организатори на мастеркласи и концерти за ученици од музичките училишта од Балканот.

Покрај овој настап, ученици и наставници од насоката за традиционална музика и игра во ДМБУЦ од 20 до 24 јуни во Букурешт гостуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Традицијата и музиката на Букурешт”.

-Учениците се претставија на високопрофесионални сцени и беа дел од интернационално дефилирање низ централниот дел на Букурешт, заедно со фолклорни ансамбли од Кина, Србија, Украина, Црна Гора, Словачка и Романија, соопшти ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска