Со изведба на познати дела од повеќе музички правци, младите ученици и студентите од Школата за класична гитара „Каровски“ од Скопје , синоќа ја донесоа магијата на класичната гитара во Кавадарци.
Пред речиси полната галерија при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, свој настап имаа Ана Младенова, Габриела Гавриловска, Благоја Младенов, Филип Андов, Стефан Ристовски, Валон Јакупи, Стефан Јовановиќ и Јоана Ристеска, сите ученици и студенти во класата на професор Миле Каровски, по потекло кавадарчанец.
-Концертот на учениците и студентите од Школата за класична гитара „Каровски“ е дел од традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“, која и во текот на месец ноември ќе донесе многу културни настани, рече директорот на “Иван Мазов Климе”, Владимир Темков.