Творештвото на Славе Ѓорѓо Димоски претставено во ДПМ

Од:

Поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски денеска беше претставено преку книжевен портрет во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Славе Ѓорѓо Димоски дебатираше во 1979 година со книгата „Гравири“. Во изминатите три ипол децении со своите поетски остварувања тој остави силен и препознатлив печат со високи естетски дострели. За своето творештво е добитник на значајни книжевни признанија во Македонија и во светот.

За поезијата на Димоски зборуваше писателот и универзитетски професор Венко Андоновски, кој направи мотивска класификација на песните на овој истакнат македонски поет.

– Секогаш кога сум ја читал поезијата, сум чувствувал дека Славе пишува само два вида песни. Енергетски гледано тој секогаш пишува два вида песни. Едниот пол ќе си дозволам да го наречам шизофренија и поезија, а другиот пол ќе го наречам зен-будизам и поезија. Иако, не треба буквално да се сфаќаат овие термини, рече Андоновски.

Според него, како што се развивала поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски, таа се повеќе се развивала кон желбата да личи на музиката. Му посака на Димоски да продолжи понатаму и уште многу нови дела.

Во својата арс-поетичка беседа Славе Ѓорѓо Димоски истакна дека поезијата е постојана состојба, како и животот и станува најбудниот чувар на јазикот.

– Поезијата треба да ја содржи јазичната вистина. Народот опстојувал заради јазикот. Во мрачните времиња тој бдеел и го чувал јазикот, оттаму она непроценливо богатство на Миладиновци или Марко Цепенков. Нашето опстојување е во енергијата која предците ја собирале во јазикот, тоа е нашето свето наследство, рече Димоски.

Според него, творењето поезија е страсно живеење со јазикот, а поетот треба да се следи самиот себе си па макар и никаде да не стигне.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска