Македонскиот иселеник од Бризбејн, Австралија, Јанко Томов објави книга во која се собрани авторски дела за Македонија создадени од македонски иселеници од Австралија, Канада, САД и од Европа.
Изданието е насловено „Творечки опус и патриотски книги на македонски автори од иселеништвото“ и ги презентира сите досегашни публикувани книги, со оригинални кратки содржини и фотографии од насловните и задните страници.
Авторот им ја посветува книгата на сегашните и идните генерации млади за, како што наведува, да ги користат и пренесуваат искуствата на своите предци – македонски иселеници кои емигрирале низ светот по Втората светска војна.
– На тој начин ќе се продолжи со сочувувањето и промовирањето на македонскиот национален и суверен идентитет, во светот и во Македонија, со своите традиционални мирољубиви и демократски принципи, истакнува авторот.
Книгата е објавена на латиница, за да биде поразбирлива за македонските иселеници кои го зборуваат македонскиот јазик, а не го користат кириличното писмо. Има статии на македонски и на англиски јазик.