Националната установа „Турски Театар“ утре вечер на сцената на Театар Комедија (Стар МНТ) ќе ја изведе репризата на претставата „Војникот фалбаџија“ од Тит Мак Плаут, во режија на Лука Кортина.
Претставата со почеток во 20 часот ќе се изведува со титл на македонски јазик.
Во претставата настапуваат Осман Али, Јеткин Сезаир, Селпин Керим, Салаетин Билал, Аксел Мехмет, Билјана Јовановска, Слаѓана Вујошевиќ и Тамер Ибрахим.
Драматургијата е на Викторија Рангелова, сценографијата и костимите се авторство на Наташа Андонова, а композитор на музиката е Фолтин. Преводот е на Метин Балај.