Турскиот писател Ахмет Умит ќе се сретне со македонските читатели

Од:

Турскиот писател Ахмет Умит, кој учествува на третиот книжевен фетивал „Про-За Балкан“, денеска од 16.30 до 17 часот ќе има средба со македонските читатели во просториите на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

Ахмет Умит (Газиантеп, 1960) е еден од најпознатите турски современи писатели кој пишува  детективски и криминалистички романи. Неговите романи „Мементо за Истанбул’’ и „Магла и Ноќ’’ се преведени и на македонски јазик.

Дипломирал во 1983 на Универзитетот „Мармара“ на отсек јавна администрација, а студирал и на Институтот за општествени науки во Москва.

– Книгите на Ахмет Умит се  преведени на повеќе од дваесет јазици. Некои негови романи и раскази  се користат како помошен учебник во училиштата, информира Институтот „Јунус Емре“, каде што авторот од Турција попладне ќе подарува автограми.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска