Тројца македонски автори на 12. Меѓународен Саем на книгата во Солун

Од:

Тројца македонски автори Томислав Османли, Александра Прокопиев и Вера Стојчевска Антиќ, по десетина години отсуство на наши претставници, учествуваа на 12. Меѓународен саем на книгата во Солун, што се одржа од 7 до 10 мај.

Тие се претставија на саемот на 10 мај, во ударен термин, и во присуство на видни личности од солунскиот научен, културен и општествен живот.

Говорејќи за влијанието на просветителската традиција на солунските браќа во делата на македонските автори, Стојчевска-Антиќ имаше забележан настап посветен на тема „Химни за Св. Кирил“, додека говорник од грчка страна беше проф. Емилиос Тахеос од Центарот за студии на кирило-методиевското култирно наследство, професор славист и надворешен член на две балкански академии.

Беа читани песни на македонски јазик и преводи на грчки на песни од Блаже Конески, Матеја Матевски и Јован Павловски во изведба на студентки по славистика на солунскиот универзитет „Македонија“.

Османли и Прокопиев ги претставија своите романи „Дваесет и првиот“ и „Ѕиркачот“ како современи репрезентативни, наградени и пошироко приоштувани дела на современата македонската литература. Посебно забележан беше настапот на Томислав Османли, писател и преведувач од грчки, кој својата авторска презентација ја оствари со богат исказ на грчки јазик. Писателот Александар Прокопиев покрај претставувањето на својот роман, говорејќи на македонски јазик, одговори и на повеќе прашања врзани за неговото творештво и карактеристичниот постмодерен израз.

Повторното појавување на македонското знаме, штанд и изданија на солунскиот меѓународен Саем на книгата, беа овозможени со поканата од Грчката фондација на културата, со ангажманот на Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун и поддршката на професорката Маврогени од славистичката катедра на солунскиот универзитет.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска