Тридневен фестивал „Кларифест Скопје 2021“

Од:

Од денеска до 3 јуни на неколку локации во Скопје ќе се одржи третиот по ред фестивал за кларинети „Кларифест Скопје 2021“ во организација на Здружението за култура и уметност „Артистико“ – Скопје.

Во рамки на фестивалот, како што соопштија организаторите, учениците, студентите и професорите по кларинет како и пошироката публика, ќе имаат можност да проследат концерти, семинари и едно стручно предавање за кларинет.

Како гости ќе учествуваат двајца еминентни кларинетисти од странство – Пјер Генисон од Франција (артист на Buffet Crampon и познат интернационален солист) и Ромуалд Голебиовски од Полска (солист и професор по кларинет на Музичкиот универзитет „Фредерик Шопен“ во Варшава).

Тие ќе одржат дводневни семинари за кларинет, а ќе се претстават и со заеднички рецитал на 3 јуни во салата на Музејот на македонската борба, со почеток од 19 часот.

Фестивалот ќе биде отворен вечер во 19:19 часот во Салон 19.19 при КИЦ-Скопје со концерт на ученици и студенти по кларинет.
„Кларифест Скопје 2021“ е финансиски поддржан од Министерството за култура, а меѓу партнерите во организирање на настанот се познатата марка за кларинети Буфет Крампон – Париз, познатата марка за писки за кларинет „Марка“ – Франција, Француски институт Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје.

Сите настани се од отворен тип, но со ограничен број на посетители и со примена на сите мерки за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска