Три приказни раскажани низ песни и театар на манифестацијата „И Тетовските глумци поа“

Од:

Музичко-сценската манифестација „И Тетовските глумци поа“ по седми пат вечерва се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок” во Тетово. Вообичаено и традиционално пред новата година на овој сценско-музички спектал актерите од аматерското драмско студио при Центарот за култура од Тетово исполнија песни, хумористични скечеви и драмски чинови посветени на три теми на концептот наречен „Македониум“.

-Продолжуваме по една година пауза, бидејќи лани поради пандемијата не се одржа манифестацијата. Прво се претставивме со театарска игра, па музичка композиција. Првата приказна ги опфати историските периоди на македонското битисување, посебно овие изминати 100 -120 години, од Крушевската Република досега. Втората приказна беше околу тоа како функционира животот во тетовската рурална околина. На крај имавме кафеанска приказна – секој што доаѓа во кафеаната има своја приказна која ја раскажува и потоа ја објаснува со песна, изјави Игор Бачоски-Бачо од организацијата на манифестацијата.

Единаесетте актерите од драмското студио на сцената беа придружувани од музичката група Академци.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање