„Три дена култура“, фестивал на млади уметници

Од:

„Три дена култура“ е настан кој ќе се одржи од 21-23 февруари (среда, четврток и петок, 20:00ч.) во гимназијата „Никола Карев“, а програмата на овој фестивал вклучува Средношколски филмски фестивал, театарски перформанси, свирка и дигитална изложба.

Фестивалот инаку претставува една отворена платформа во која секој млад уметник (средношколец) ќе може да го претстави своето авторско дело, а истовремено и да ги покаже своите нови идеи, сфаќања и размислувања во поглед на уметноста.

На 21-ви февруари ќе се одржи Средношколскиот Филмски Фестивал (СФФ), кој инаку е прв фестивал од овој карактер во нашата земја. На фестивалот ќе бидат прикажани кратки авторски филмови снимени од средношколци (во официјалната селекција) и неколку кратки филмови во специјалната селекција како гости на фестивалот (филмови на млади студенти кои снимале во средно, како и краток филм изработен од школата за уметност „Џолев и уметностите“).

На фестивалот може да се пријави секој средношколец со свој краток филм. Темата на филмовите е слободна и секој автор може да испрати неограничен број филмови кои не треба да бидат подолги од 20 минути. За официјалната селекција ќе бидат избрани 10 најдобри кратки филмови, а најдобриот ќе биде избран од страна на публиката по пат на тајно гласање. По проекциите следи мала дискусија за филмови, режисери… како и прогласување на победникот.

На 22-ри февруари, ќе се одржи настанот „Театарски Перформанси“ на кој ќе учествуваат средношколци со свои театарски претстави. Вечерта ќе имаме 5 перформанси, а целта е да се покажат што повеќе нови гледања и сфаќања на театарската уметност од страна на млади средношколци. На настанот ќе се игра претставата „Чехов монолози“ – алтернативна претстава на драмското школо „СЦЕНА“, перформанс „Модерен Балет“ на Вајб Денс Студио, „Мудрост во четврт со месо“ на Елена Костовска, „Живот во розово“ на драмската група Корчагин по режија на Уна Николоска, а ќе има и една театарска импровизација. Истата вечер ќе има и една изложена претстава „Чекајќи го Годо“.

На 23-ти февруари, како крајна вечер на фестивалот ќе има свирка и дигитална изложба. На свирката ќе учествуваат млади независни музичари и бендови со познати кавери, како и гости со свои авторски песни: Spectrum и Short Fuse Hero. На крајот од вечерта ќе има и ТРАП забава. Додека трае свирката, ќе биде поставена и дигитална изложба на млади уметници. На изложбата може да се пријави секој средношколец со свое ликовно дело или фотографија. Вечерта во склоп на трапот ќе гостуваат и неверојатните “Beatrix Crew” со своја кореографија.

Сите пријави се вршат преку официјалниот маил на фестивалот: [email protected]

Влезот е бесплатен, а настаните ќе се одржат во средното училиште „Никола Карев“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање