„Трето полувреме“ ќе учествува на филмскиот маркет на Канскиот фестивал

Од:

Република Македонија по четврти пат ќе учествува на филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал, од 15-ти до 24 мај, и на својот штанд ќе го промовира филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски.

Во шорт филм корнерот, пак, од Македонија ќе учествуваат два филма – документарецот „Трагачи по звукот“ во режија на Сузана Диневски, поддржан од Филмскиот фонд, и независниот филмски проект „Врати“, снимен во Битола, на Микеле ди Ангелис од Италија.

Директорот на Филмскиот фонд на РМ Дарко Башески на прес-конференција рече дека за претставувањето во Кан е подготвен каталог за филмската продукција во 2012/2013, како и брошура за промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови, изработен со Агенцијата за странски инвестиции.

Целта е, рече тој, на завршените филмови и на тие што се при крај да им се отвори пат до филмски фестивали, а на филмовите во подготовка да им се помогне да најдат продуценти од други земји.

Фондот денеска распиша Конкурс за прв драфт на ново сценарио. Конкурсите за развој на сценарио во изминатите три години беа распишувани за време на фестивалот „Браќа Манаки“, но оваа година е многу порано за тие што ќе бидат поддржани од Фондот да имаат време да аплицираат во октомври на новиот, годишен конкурс за поддршка на филмски проекти.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ